Ново македонско пиво на пазарот

Bez autora
Apr 03 2014

Во „Кожувчанка“ се подготвува ново македонско пиво. Во Кавадарци во рамки на фабриката, во завршна фаза е изградбата на погони за идната пиварница, инвестиција вредна 700.000 евра. Новото пиво се очекува да почне да се продава на пазарот кон крајот на мај или почетокот на јуни. Пивото ќе биде домашен бренд изработено по германска технологија. Во почеток, ќе биде пуштено на пазарот само во лименка и ПЕТ-амбалажа, а подоцна и во стакло, за ресторани. Пивото ќе биде македонски производ изработен по германска лиценца и технологија. Со оваа инвестиција направивме прва мала пиварница во земјава. Соработката и контактите почнаа уште пред две години со пиварница од Баварија, од нив добивме поддршка и за производството и за технологијата. Најважно е сега да го одржиме производството, односно да научиме да правиме пиво, вели Митко Јанчев, генерален менаџер на „Кожувчанка“ и претседател на Управниот одбор на Регионалната комора Кавадарци.

Ново македонско пиво на пазаротВо „Кожувчанка“ се подготвува ново македонско пиво. Во Кавадарци во рамки на фабриката, во завршна фаза е изградбата на погони за идната пиварница, инвестиција вредна 700.000 евра.

Новото пиво се очекува да почне да се продава на пазарот кон крајот на мај или почетокот на јуни. Пивото ќе биде домашен бренд изработено по германска технологија. Во почеток, ќе биде пуштено на пазарот само во лименка и ПЕТ-амбалажа, а подоцна и во стакло, за ресторани.

„Пивото ќе биде македонски производ изработен по германска лиценца и технологија. Со оваа инвестиција направивме прва мала пиварница во земјава. Соработката и контактите почнаа уште пред две години со пиварница од Баварија, од нив добивме поддршка и за производството и за технологијата. Најважно е сега да го одржиме производството, односно да научиме да правиме пиво“, вели Митко Јанчев, генерален менаџер на „Кожувчанка“ и претседател на Управниот одбор на Регионалната комора Кавадарци.

Од инвестициите планирани за годинава, која исто така веќе се реализира, е набавка на нова технологија за производство на негазирана вода „изворска“.

„Новата технологија треба да ни ги намали трошоците. Цената на производот е најважна, бидејќи и на странските и на македонскиот пазар најмногу се продава вода. За брендот ’изворска‘ решивме да вложиме во изградба на поголем капацитет. Со зголемување на побарувачката на брендот воведуваме и нова модерна технолошка линија, прва од овој вид во Македонија. Намерата е на овој начин да заштедиме електрична енергија, а тоа ќе значи и подобрување на квалитетот на водата, што ќе влијае и врз цената по единица производ, која ќе биде помала. Оваа инвестиција е вредна 900.000 евра“, вели Јанчев, еден од најмладите менаџери во овој бизнис во нашата држава. „Младоста има предност и недостатоци, од 24 години работам сам. Почетоците во 1995 година беа тешки, но сега тој период изгледа многу далеку, особено во поглед на технологијата“, вели Јанчев. Тој најавува дека оваа година ќе ја ребрендираат и „кожувчанка“, која ќе добие нова амбалажа и етикета.

Инаку, годишно фабриката во Мрежичко произведува и продава по околу 30 милиони литри вода, а фабриката во Кавадарци произведува и продава околу 35 милиони литри сок.

Јанчев објаснува дека и покрај големиот број поплаки од бизнисмените во последниве неколку години дека тешко доаѓаат до банкарски пари за нови инвестиции, тој вели дека имаат добра соработка со банките. „Бараме онолку колку што може да враќаме. Плаќањата се отежнати, односно подобрено е плаќањето од институциите, но меѓу компаниите е отежнато. Конкуренцијата на македонскиот пазар е најголема меѓу пет компании. Во газираниот дел најголема конкуренција ни е ’Пелистерка‘, а во негазираниот дел ’Горска‘“, отворено зборува Јанчев.

За него клучот за успехот е во многу работа, посветеност и реалност, во поглед на тоа дека дека секогаш гледаат да го остварат она што е во рамки на нивните можности.

„Кожувчанка“ ДОО е основана во 1995 година како семејна компанија и прва приватна компанија за полнење минерална вода во Македонија. Денеска, во нејзиното производно портфолио постојат четири бренда, „Кожувчанка“ - минерална вода, „Изворска“ - негазирана вода, „Синалко“ - бренд газирани сокови по лиценца, „Синета“ - негазирани сокови по лиценца и „Енерџи С“ од енергетските пијалаци „Синалко“. Компанијата во последните четири години бележи константен раст од над 7 отсто. Во 2009 година ја купија „Дафинка“, фабрика за модни додатоци. Компанијата денеска има 140 вработени, со тенденција тој број да се зголемува, велат од „Кожувчанка“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik